grand lodge freemasons macedonia

За Нас

Големата Ложа на Старите Слободни и Прифатени Ѕидари во Македонија е заедница од три регуларни симболочни ложи коишто работат на првите три симболични степени по Стариот и Прифатен Шкотски Ритуал. 

ГЛССПЅМ се стреми кон создавање на здрава масонска заедница која се темели на прифатените масонски стандарди, искуство, и масонски регулативи, устави, конституции и практики. Големата Ложа на Старите Слободни и прифатени Ѕидари во Македонија го практикува исклучиво Стариот и Прифатен Шкотски Ритуал и неговите стари/древни правила.

ГЛССПЅМ е отворена за соработка со останатите братски обединувања и масонски движења во светот со цел подобрување на универзалното ѕидарство и зајакнување на Стариот и Прифатен Шкотски Ритуал.