Што е Масонеријата?
Масонството не учи на морал и самоспознавање преку учество во низата од симболични ритуали кои е добро да се научат на памет и се изведуваат во секоја ложа.
Масонството им предлага на своите членови еден поразличен начин на живот, кој цели да ја засили грижата за другите, милосрдието во општеството, чесноста во бизнисот, учтивоста во општеството и праведноста кон се. Членовите настојуваат на прво место да ги постават интересите на семејството, но Масонството учи најмногу за грижата кон луѓето и помош на тие што им треба.
Нај важната претпоставка за разбирање на Масонството е да го ослободите умот од прелиминарните претпоставки за него, затоа што во сите случаи тоа е резултат од неинформираност, претпоставки, а понекогаш и од злонамерни мисли. Не велиме дека Масоните се перфектни во мислите зборовите и делата, но тврдиме дека очекуваме од Браќата да ги запазат нај високите морални стандарди кои бараат од секој Брат да се однесува кон останатите(не зависно дали се Масони или не), како што би сакал тој да се однесуваат кон него, да ја посетува ложата толку често колку што семејните и другите обврски му дозволуваат, и да помага толку колку што средствата му дозволуваат.
Традиционално, Слободните Sидари не се обидуваат да привлечат кандидати, но членовите имаат право секому да предложат да се приклучи кон слободното ѕидарство, за кој сметаат дека ќе ги почитува стандардите кои и ние ги практикуваме. Секоја година многумина стануваат Масони. Кои се причините?
Некои од нив се привлечени од непознатото. Други ги привлекуваат гласините за Масонството. Повеќето стануваат членови затоа што гледаат дека пријателите кои ги почитуваат, се гордеат со членството во Братството. Но високите стандарди на однесувањето за кои се очекува да бидат запазени од сите членови налагаат да се обезбедат одредени информации за секој кандидат пред тој да биде примен за член во братството. Поточно сакаме да се увериме дека кандидатот – аспирант не се обидува да стане Масон, со очекување тоа да му донесе бенифин во бизнисот или во некои други матерјални интереси. Исто така сакаме да се увериме дека тој ќе допринесе со нешто за Масонството и навистина ќе стане наш Брат. Но исто така за некој да стане Масон, мора да верува во Бог. Атеистите и агностиците не можат да бидат членови.
Но тоа не значи дека Масонството е религија. Според моралниот кодекс на Масоните, секој од нив може да практикува и да ја поддржува својата религија, каква и да е таа.
Според Масоните има луѓе со различни верски убедувања. Христијанство, Ислам, Јудеизам и многу други, и сите заедно учествуваат во братството на ложата, без од тоа да изникнат разногласја и како што масоните би се изразиле “Во целосна хармонија”. Важно е на самиот почеток да се објасни, дека со цел да се запази хармонијата до која што толку се стремиме, во ложата не е дозволено да се дискутираат различните религии. Со истата причина во отворена ложа не е дозволено и да се разговара на политички теми.